Џафери: Не е значајна содржината на разговорите, туку како се одземени

Од:

Вицепремиерот Муса Џафери денеска истакна дека не е значајна содржината на разговорите од аудиоснимките што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, туку фактот како се одземени истите.

– Мојот одговор е дека не е важен разговорот или автентичноста на разговорот, колку што е значајно од каде се тие разговори и кој ги извадил тие и злоупотребил, ако можам така да кажам во овој момент – изјави Џафери.

Оваа изјава Џафери ја даде на новинарско прашање на прес-конференцијата каде презентираше тематски конгрес закажан на 28 и за 29 март во Скопје.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански