Џафери ја напушти Инфективна, тој ќе ја води конститутивната седница

Од:

Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет.

-Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра состојба и утре тој ќе ја води седницата, информираат од неговиот кабинет.

Претходно денеска тој изјави дека се чувствува добро и дека веќе е извесно дека ќе претседава со конститутивната седница утре. Тој денеска ја напушти Инфективна клиника каде беше сместен од 24 јули, а неколкуте последователни тестови на ковид биле негативни.

-Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре, изјави Џафери.

Собраниските служби, пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

На денот на одржување на Конститутивната седница ќе се мери температура на секој што ќе дојде во собраниската зграда, пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.

Кризата со коронавирусот предизвика промени и во работата на новинарите и медиумите. Како што се најавува, имајќи ја предвид актуелната состојба со коронавирусот, најверојатно бројот на медиумските работници во Собранието ќе биде ограничен, а нивните активности ќе се следат во живо преку Собраниските канал и со стримови во живо. Конститутивната седница ќе се следи преку Собранискиот канал, а прес-конференции ќе бидат организирани во Кристалната сала каде што би имало доволено простор за одржување дистанца.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ