Џафери: Граѓаните да излезат и учествуваат во носењето на најважната одлука за иднината на државата

Од:

Граѓаните да го искористат своето со Устав гарантирано право и да излезат и учествуваат во носењето на најважната одлука за иднината на нашата држава, повика на последниот ден од кампањата за референдумот на 30 септември, претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери заедно со координативното тело, а во име на сите 120 пратеници коишто водеа кампања „за“ или „против“.

– Како граѓани на оваа држава сите имаме еднаква обврска и должност да учествуваме во носењето на оваа историска одлука од која зависи правецот во кој ќе се движи Република Македонија. Позитивната одлука на граѓаните на 30 септември за Македонија ќе значи отворање на вратите на НАТО и Европската Унија. Ова на нашата држава ќе и овозможи безбедност, отворени патишта за нашите граѓани, повеќе странски инвестиции, отворање на нови работни места, поголем пазар за нашите домашни производи, можности за напредок на младите генерации, изјави Џафери.

Успешен референдум, порача Џафери, значи правна држава, реформи во судството о целосно владеење на правото, со еден збор подобар живот за сите нас и идните генерации.

– Со позитивен исход на 30 септември Македонија ќе стане рамноправен партнер во НАТО Алијансата и ќе се отвори патот за влез на нашата држава во заедничкиот европски дом. Почитувани граѓани, верувам дека во недела нема да останете затворени во минатото, туку ќе излезете на избирачките места со што ќе ја донесете вистинската одлука за иднината. Верувам дека ќе одберете иднина која ќе донесе напредок, соживот и просперитет. Затоа ве повикувам на 30 септември заедно да гласаме за евроатлантска Република Македонија, изјави Џафери, на прес-конференција во Собранието.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик