Џафери го потпиша Законот за употреба на јазиците, ќе биде објавен во Службен весник

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери вечерва објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник.

Џафери уште во декември на средба со новинарите рече дека тој има обврска да го испрати законот до Службен весник, бидејќи, како што потенцира волјата на Собранието, не може да се попречи и тоа ќе се реализира.

Според Џафери, Законот употребата на јазиците ќе бидат испратени во Службен весник без потписот на претседателот Иванов.

– Тоа ќе се случи кога ќе ги пратам во Службен весник. Мој потпис има. Тоа е одлука, рече претседателот на македонското Собрание.

Откако Собранието го изгласа првпат на 11 јануари минатата година, а претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише указот за негово прогласување тој повторно беше донесен на 14 март минатата година, без поддршка од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието