Џафери ги распиша локалните избори за 17 октомври

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври.

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како и до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.

-Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период Собранието нема да има пленарни и комисиски седници.На овој начин, им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала, потенцира Џафери.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори