(ВИДЕО) Џафери до Димовски: Зборувате за се, освен за разрешување на Зврлевски

Од:

Наместо да се зборува за она што е точка на дневен ред, односно разрешувањето на Зврлевски, вие зборувате за се и сешто. Да се држевте до темата дебатата досега ќе се затвореше и ќе добиевте седум дена да говорите за се што сте поднеле како иницијатива, рече Талат Џафери обраќајќи се до коордиаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој побара седница на која ќе бидат приоритет пожарите, мигрантската криза и договорот со Бугарија.

Во меѓусебната расправа помеѓу Џафери и Димовски, претседателот на Собранието рече дека јавноста ќе разбере зошто на секој говорник има по 20 реплики кои што немаат никаква врска со разрешувањето на Зврлевски. Тој исто така ги замоли пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не се јавуваат за процедурално безпотребно, за да не го трошат времето за точката за разрешување на Зврлевски да се затвори што побрзо и да се продолжи со останатите точки од дневниот ред.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање