Џафери демантира: Бев погрешно протолкуван

Од:

Муса Џафери ја демантира и да ја дообјасна веста од денешната прес-конференција, која беше погрешно протолкувана од страна на одредени медиуми.

Во оваа прес конференција во врска со прашањето за автентичноста на снимката објавена од страна на опозицијата, која беше претставена како мој телефонски разговор, јас одговорив дека, цитирам „не е важен разговорот или автентичноста на разговорoт, колку што е важно од каде се тие разговори и кој ги извадил нив, ги злоупотребил ако можам да кажам во овој случај“!

Од самиот одговор кој е цитиран на интегрален начин од страна на вашите медиуми, се разбира дека јас зборувам само за снимањето за кој се вели дека е мој разговор а никако за другите снимки кои што ги објави опозицијата!

Затоа ве молам да направите корекција на содржината на информацијата, вели Џафери.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата