Џафери: Да работме на подобрување на животот на нашите сограѓани со хендикеп

Од:

Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп не е класично собраниско тело како што се на пример, собраниските комисии, парламентарните совети и други, туку претставува парламентарна лоби група чија што цел е да работи на подобрувањето на условите за нашите сограѓани кои се со хендикеп, за да можат и реално да се чувствуваат еднакви со другите граѓани. Ова го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска на конститутивна седница на Интерпартиска парламентарната група за правата на лицата со хендикеп.

– Да не заборавиме дека ова е дел од општите човекови права кои се дел од Уставот на Република Македонија. Државата, а и сите ние кои сме во политиката, имаме обврска да овозможиме секој граѓанин, секој поединец, да ги ужива подеднакво своите права, рече Џафери.

Кога станува збор за нормативното уредување на правата на лицата со хендикеп, тој рече дека имаме добри закони кои во голема мерка ги имаат имплементирано европските стандарди.

– Сепак, убеден сум дека вашата група која ќе биде формирана денеска, ќе ги разгледа детално законите и другите акти кои ја уредуваат оваа проблематика и врз основа на таа анализа како и компарацијата со стандардите на Европската Унија и законските решенија во државите членки, ќе предложи свои измени и дополнувања. Како претседател на Собранието, секако почитувајќи го Деловникот, ветувам дека секоја таква иницијатива ќе биде ставена на дневен ред, односно ќе влезе во законодавна процедура, рече Џафери.

Посочи дека како држава чија што стратешка цел е интеграцијата во ЕУ, не смееме да дозволиме лицата со хендикеп да бидат маргинализирани на кој било начин.

– За жал, дури и во Скопје, а уште повеќе во внатрешноста, имаме многу реални физички препреки кои го отежнуваат или воопшто не го дозволуваат нормалното движење на лицата кои користат инвалидски колички. Зборуваме за компјутер за секое дете меѓутоа, барем јас не сум чул, дали на секој наш граѓанин со оштетен вид, без разлика дали станува збор за ученик, студент или возрасен човек, државата му обезбедила посебен компјутер за лица со ваков хендикеп, рече претседателот на Собранието.

Во контекст на тоа праша дали во органите на локалната самоуправа и во државните институции има вработени кои го знаат знаковниот јазик на глувонемите и лицата со оштетен слух.

– Убеден сум дека заедно со невладиниот сектор како и со другите државни институции, ќе направите голем, позитивен чекор во насока на подобрувањето на животот на нашите сограѓани со хендикеп. Секако дека тоа е голем предизвик и одговорност, но ако сите зборуваме за целосна имплементација на европските стандарди, тогаш не можеме да си дозволиме една група граѓани реално да не можат да си ги остварат своите основни човекови права и слободи и тоа само затоа што ете, имаат некаков хендикеп, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага