Двојниот „убиец“ Топаловски екстрадиран во Македонија

Од:

Ѓорѓи Топаловски, кој е осомничен за двојно убиство во 2007. година синоќа бил екстрадиран од Мадрид во Македонија. Од скопскиот аеродром полицијата го однесе во истражниот затвор во Шутка.

Тој се сомничи дека на 22 ноември 2007 година ги убил Андреј Филип –и триесетгодишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, а потоа ги прегазил со неговиот автомобил.

Полициски извори тогаш информираа дека причината најверојатно се нерасчистени сметки. Според информациите од полицијата, Топаловски ги убил бидејќи подолго време им должел 10.000 евра за кои требал да плати и лихва.

topalovski

Топалоски кроел планови да избега од Македонија, но неговиот план го осуетиле Филип и Благоевиќ, го начекале и си ги барале парите.

Настанала тепачка, по што Топаловски извадил пиштол и со по еден куршум ги застрелал двајцата и ги прегазил со автомобилот.

Веднаш потоа побегнал.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски