Движењето Беса прифаќа трипартиска предизборна коалиција

Од:

Движењето Беса е отворено за трипартиска предизборна коалиција во согласност со повикот на Алијансата на Албанците, соопштуваат од Беса по синоќешниот состанок на Централното претседателство одржан во Тетово. На состанокот биле донесени три одлуки.

-Се потврди ставот дека Движењето Беса, е отворено за можна трипартиска предизборна соработка, во согласност со повикот на Алијансата на Албанците. Второ, Централното претседателство му наложи на Генералниот секретар на движењето Беса, Арјанит Хоџа, да ја предложи стратегијата на Изборниот штаб и неговиот состав на следниот состанок на Централното собрание, соопштуваат денеска од партијата.

Третата одлука се однесува на организацискиот секретар, Аднан Азизи, кој е задолжен да ја состави агендата за посети на секоја албанска населба, вклучително и дијаспората, каде ќе биде претставена Платформата „Беса“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски