Двете наставнички ќе бидат вратени во ОУ „11 Октомври“

Од:

Упорноста на родителите ги врати двете наставнички во ОУ „11 Октомври“, а од утре на настава се враќаат и децата во двете паралелки од второ одделение, дознава А1он.

Ова е компромисот по вечерашната средба на директорката на училиштето со родителите кои инсистираа да се вратат двете одделенски учителки кои за време на распустот беа заменети со нови.

Родителите од понеделникот не ги пуштаа децата на училиште и покрај предвидените законски казни и инсистираа наставничките од кои една има добиено и награда минатата година да продолжат да работат со нивните деца. Тие имаа средба и во вторникот кога револтирани упаднаа во училиштето со оглед дека не можеа да се сретнат со директорката

– Заврши распустот, прв ден почнавме на училиште и дознавме дека одделенската учителка е преку ноќ сменета. Се сомневаме во легитимноста на изборот. Многу се приврзани децата за сменетата учителка, прогласена е за најдобра во минатата година, и тоа од колегиумот на училипштето. Сега се одржа совет на родители, влеговме непоканети, сите 60 претставници на децата од две паралелки од второ одделение. Прашуваме зошто квалитетот се менува со квантитет, рече родител по средбата во вторникот.

На двете наставнички им беше завршен договорот, но наместо продолжување на нивно работно место веднаш за еден ден беа вработени нови наставнички за кои директорката бараше да им се даде шанса.

Училиштето „11 Октомври“ претходно беше актуелно и со изборот на нов директор. Членови од Училишниот одбор испратија допис до градоначалникот Андреј Жерновски и до Советот, во кое ги известија за незаконитости и пропусти во постапката за избор.

Покрај пропишаниот начин на одлучување, донесување на одлуките со мнозинство од вкупниот број на членови на Училишниот одбор, што подразбира дека еден член има право на еден глас за еден кандидат, во текот на постапката претседателот на УО, како што посочија дел од членовите, дозволил секој член да гласа за повеќе кандидати, со што вкупниот број на дадени гласови неколку пати го надминал бројот на присутни членови.

Од вкупно 9 членови на УО имало по 10 гласови, а градоначалникот одби да даде предлог за нов директор од двајцата номинирани, по што министерот за образование, ја назначи директорката која сеуште е на таа позиција.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост