Двесте евра за болничко лекување во странство

Од:

Пациентите кои ќе имаат потреба да се лекуваат надвор од земјата тоа ќе можат да го направат со плаќање на најмногу 200 евра за болничко лекување во странство. Владата на минатата седница ја усвои Информацијата на Фондот за здравство со која се дефинираат процедурите, механизмите и буџетот за реализација на оваа мерка.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција соопшти дека процедурата за стекнување со ова право останува иста како и претходно со тоа што пациентите ќе плаќаат личен трошок во болничкото лекување во странство најмногу 12.000 денари без разлика колку е вкупната сума на чинење на лекувањето за некои интервенции.

– Во странство се потребни и повеќе стотици илјади евра, односно лично учество на пациентот и до неколку десетици илјади евра, но од оваа година пациентот ќе плаќа само 12.000 денари, а остатокот од трошокот колкав и да е ќе го плати државата, рече Ѓорѓиев.
Појасни дека во постапките за остварување на ова право во прв степен одлучува директорот на ФЗО врз основа на мислењата на првостепена односно второстепена лекарска комисија за лекување во странство. Против решението донесено во прв степен, осигуреното лице има право на жалба до УО на ФЗО во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Втората новина е тоа што пациентите на кои нема да можат да се лекуваат во јавното здравство, сега доколку е можно, таа услуга ќе може да ја добијат во приватните болници во Македонија.

– Лекувањето во приватните болници ќе биде по стандардите кои ги има во странство, со користење на опрема, протоколи и кадар кој за одредени интервенции ќе биде носен и од странство. ФЗО ќе плаќа по цени на странско лекување и ќе очекува токму таква здравствена услуга, изјави портпаролот на Владата.

Би можело да ве интересира

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски