Двегодишното дете од Охрид починало од сепса, се утврдува кривична одговорност

Од:

Јавното обвинителство од Охрид утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид. Како што соопшти денеска обвинителството, го добило секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид.

-Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса“, се наведува во соопштението.

Детето првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија беше пуштено дома. Поради влошување на состојбата тоа во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид