Две нови спогодби во предметот „Јустиција“

Од:

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“ и тоа со еден судија во пензија и еден судија кој активно ја вршел функцијата.

Осомничениот судија во пензија се спогодил со надлежниот обвинител за кривичното дело што го сторил да му биде изречена казна од една година затвор, која нема да се изврши доколку во време од три години осомничениот не стори ново кривично дело.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје склучи спогодба и со осомничено лице – судија за стореното кривично дело – Несовесно работење во службата. Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече пресуда со која осуденото лице го казни со казна затвор во времетраење на две години која нема да се изврши, доколку во рок од четири години осуденото лице не стори ново кривично дело.

Спогодбите се верификувани и од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој согласно Спогодбата, со пресуда на осомничените им ги изрече договорените казни.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје претходно постигна спогодби со четири осомничени. Со двајца од нив спогодба постигна на 27 април, еден судија и еден судски службеник, осомничени во предметот „Јустиција“. Обвинителството на 22 април постигна спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“, поранешни судии, сега во пензија.

Основното јавно обвинителство Скопје во рамки на акцијата „Јустиција“ поднесе кривична пријава против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот суд осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ