Две недели стагнира бројот на заболени од коронавирус во МВР

Од:

Две недели стагнира бројот на заболени во Министерството за внатрешни работи, каде се евидентирани 100 активни случаи, заболени од коронавирус. Според статистиката, нема промена ниту во бројот на вработени кои добиле решение за самоизолација. И натаму, 183 вработени, поради контакт со лице заболено со коронавирус се во домашна изолација.

Најголем број од заболените активни случаи се полициски службеници од СВР Скопје каде има 27 заболени, што е за тројца вработени помалку, споредено со пред две недели. Исти број заболени има во Одделот за граѓански работи каде заболени се 12 лица, Одделот за гранични работи и миграција- РЦ Југ каде евидентирани се 10 активни случаи, Одделот за обезбедување на лица и објекти со пет заболени.

Еден заболен помалку сега има во Одделот за специјални полициски операции, каде останува само еден активен случај на коронавирус. Во Единицата за брзо распоредување и натаму нема активни случаи, а во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и Одделот за општи и заеднички работи има по четири лица позитивни на коронавирусот.

Од МВР велат дека во останатите организациони единици на ниво на МВР бележиат опаѓање на бројката на активни позитивни случаи.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он