Две лица го загубија животот, а петмина се повредени денеска околу 14 часот и 30 минути во судир на три возила на регионалниот пат Тетово – Јажинце.
Полицијата информира дека во сообраќајната несреќа учествувале три автомобили и тоа БМВ, крајслер и Опел Вектра. Загинатите Д.В.(21) од Лешок и Л.Б.(16) од Јегуновце биле сопатници во БМВ-то што го управувал Н.П.(24) од Лешок, кој се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната помош во тетовската клиничка болница тој бил упатен на клиниките во Скопје.
Во тетовската болница им била укажана помош, а потоа билњ задржани на лекување возачот на Крајслерот В.К.(43) од Мала Речица и неговите двајца сопатници Ј.К.(23) и Е.З.(23) од истата тетовска приградска населба, како и возачот на Опел Вектрата Д.А.(20) од тетовското село Пршовце.
Екипа на полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото од несреќата и се работи на утврдување на причините за оваа тешка сообраќајна несреќа, информираа од тетовската полиција.