Две лица се потешко повредени во Црн Дрим

Од:

Четири лица се повредени од кои две потешко, во несреќниот случај што синоќа околу 19 часот се случи во водите на Глобочичкото езеро кај реката Црни дрим во близина на струшкото село Ташморуништа.

Поради сериозноста на повредите, едно лице е пренесено во Ургентниот центар во Скопје додека другото тешко повредено лице е задржано во Општата болница во Струга. Останатите шест лица кои биле во чамецот, по првичниот медицински преглед се пуштени на домашно лекување.

Несреќниот настан е случен во момент кога чамец во кој се превезувале вкупно десет лица пловел под електричен далновод кој поминувал над реката.

Со навремена интервенција на полицијата, медицинските екипи и месното население од селото Ташмаруништа, сите 10 лица се извлечени од чамецот и со возила на брзата помош се пренесени во општата болница во Струга.

На лице место, извршен е увид во присуство на истражен судија, јавен обвини- тел и полициски екипи.

СВР Охрид и полициската станица од Струга преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на овој настан.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски