Две лица прободени со нож во тепачка во училишен двор во Тетово

Од:

Две лица се здобиле со убодни рани што им ги нанел 17-годишен малолетник од тетовското село Вешала по тепачката што вчера се случила во двор од основно училиште во Тетово, информираат од СВР Тетово.

Според полициските податоци, тепачката била пријавена вчера околу 16 часот и 40 минути, а според пријавеното во неа учествувале 17-годишник и К.К. (18), двајцата од тетовското село Вешала од една и В.М. (20), И.М. (24) од Тетово, како и А.И.(19) од тетовското село Сараќино од другата страна.

Малолетникот со остар предмет на В.М. и И.М. им нанел убодни рани и побегнал. Двајцата повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Пријавениот 17-годишник бил пронајден, му бил одземен нож и бил лишен од слобода, а К.К. сам се пријавил во Полициската станица-Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски