Двајца повредени во сообраќајка во центарот на Охрид

Од:

Два автомобили марка „БМВ“ ноќеска по полноќ се судрија во центарот на Охрид, во близина на пазарот.

Возачите имаат лесни телесни повреди, а едниот е задржан и на дополнителни прегледи во охридската Општа болница. Другиот возач, кој исто така беше префрлен со Итна помош на прегледи е пуштен на домашно лекување.

Возилата се со скопски и струмички таблици, управувани од 25 годишен скопјанец и 32-годишен струмичанец. Тие се судрија доцна синоќа, два часа по полноќ. Сообраќајката се случи веднаш по вртење на кружениот тек во близина на охридскиот пазар. Возилата се судрија странично, а едното е со целосно искршени врата и прозор.

Полицијата направи увид, причините за несреќата се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он