Две лица повикани на разговор во врска со повредениот кавадарчанец со убодни рани од нож

Од:

Две лица се повикани на разговор во врска со повредениот кавадарчанец со две убодни рани од нож, потвтдуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Рано изутринава, во 00.10 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улицата „Браќа Џунови” и „7-ми Септември во Кавадарци”, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М. (28) од Кавадарци, рекоа од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Како што изјави д-р Благој Митев, хирург во кавадаречката болница, ноќеска после полноќ било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Ллиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он