Две лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Две лица се потешко повредени од кои еден возач и еден сопатник во една сообраќајна несреќа што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје.

Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле три лица, а во три е причинета материјална штета.

СВР Скопје денеска информираше дека во текот на изминатиот ден по спроведените контроли санкционирани се двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а осум возачи го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано. Затекнати се и 95 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 108 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром.

Во сабота со почеток во 17:30 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампиони ќе се одигра меѓународниот ракометен натпревар меѓу Вардар и Киелце, Полска поради што ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одвивање.

Во недела најавена е ноќна атлетска трка од 16 до 17 часот. Стартот на трката е од „Порта Македонија“, лево подземни гаражи ГТЦ, десно ул. „Филип Втори“, десно „11 Октомври“, лево по ул. „Димитрија Чуповски, десно на ул. „Никола Вапцаров до плоштад „Македонија“.

Со цел непречено и безбедно одвивање на овие настани, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ