А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Две лица потешко повредени во сообраќајка на див железнички премин кај тетовско Ратае

by А1он18/02/2013 - 15:59104
Share0

Две лица се потешко повредени во судирот на моторна дрезина за поправка на пруги и автомобил „Опел корса“ со тетовски регистарски таблички што околу 14 часот и 10 минути се случил денеска на див железнички премин кај тетовското село Ратае, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Моторната дрезина се движела од правец на Тетово кон Скопје додека во автомобилот биле возачот А.Е (1978) и Б.Е. (1951) и двајцата жители на Шемшово. Од ударот тие се здобиле со телесни повреди по што со возило се префрлени во тетовската клиничка болница.

Полицијата врши увид на самото место и работи на откривање на причините за сообраќајката.

– Иако бројот на сообраќајни несреќи на железничката пруга низ Тетовско е намален во однос на минатите години, тие и понатаму се случуваат најмногу на дивите железнички премини кај Ратае, Џепчиште, Фалише и на уште неколку други места во регионот, рече Јосифовски.

crna hronika

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски25/12/2020 - 22:13

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски25/12/2020 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен