Две лица потешко повредени во 12 сообраќајки во Скопје

Од:

Две лица се потешко, а девет полесно повредени во вкупно 12 сообраќајки кои се случиле изминатото деноноќие во Скопје. Во пет сообраќајки имало само материјална штета.

Дваесет и седум возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 28 возачи, од кои 19 поради немање дозвола за управување моторно возило, четворица биле под дејство на алкохол, а петмина биле возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 14 возачи кои управувале нерегистрирани моторни возила.

Непрописно биле паркирани 108 возила, а 53 биле подигнати од специјалното возило „пајак“.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози