Две лица обвинети за прекршување на полицискиот час во Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола побара парични казни за две лица, кои вчера го прекршиле полицискиот час на територијта на Битола, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и му предложи на Судот тие парично да бидат казнети со по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

– На 31 март 2020 обвинетите во одделни кривично-правни настани не постапиле според Одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 21 до 5 часот наредниот ден. Двајцата обвинети, без дозвола за движење за време на полициски час, се движеле со возила по улиците на градот, со што не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест предизвикана од коронавирусот, соопшти Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски