Две компании пријавени за концесионирање со Полошката депонија

Од:

Компаниите Hinkel International GmbH, Alzey од Германија и АSА International Environmental Services GmbH Hinberg од Австија се двете пријавени за концесија за регионалната депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот регион.

На состанокот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот регион во просториите на Центарот за развој на Полошкиот плански регион во село Џепчиште денеска на отворањето на понудите присуствуваше министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.

Со доделувањето на концесијата, според Адеми, ќе се овозможи приватниот сектор да инвестира во подобрувањето на состојбите со управување со отпадот во овој регион.

– Со инвестицијата во затворање на постојната депонија во Русино и изградбата на нова санитарна регионална депонија со придружни објекти за преработка на отпадот ќе се обезбеди граѓаните во овој регион да добијат услуга што е во согласност со европските стандарди и соодветно ќе се заштити животната средина, рече Адеми.

Како што соопшти Министерството за за животна средина и просторно планирање, Адеми изразил убедување дека постапката ќе заврши успешно, а Комисијата ќе ја изврши максимално брзо и одговорно својата задача, со што на идниот концесионер ќе му се овозможи во скоро време да започне со работа.

Би можело да ве интересира

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион, Касами избран за претседател

А1он

Штипскиот регион еден од најатрактивните за инвестиции

А1он

Нуредини и Сахакијан на средба за проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион

А1он

Царовска: Инвестиции во нови градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци со грант од Светска банка

А1он