Две години од несреќата кај Ласкарци, Таравари вели во хибридни режими нема разрешница на вакви случаи

Од:

Со марш и положување цвеќе на местото на сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци во која загинаа 16 лица се одбележуваат две години од трагичниот настан во кој автобус на агенцијата „Дурмо турс“ излета од патот. Во него имаше 51 патник. Први кои помогнаа беа жителите на селото.

Две години по несреќата се води судски процес во кој се обвинети шест лица, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, раководителот на возниот парк на оваа компанија, тројца вработени во станицата за технички преглед и возачот на автобусот.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој беше дел од одбележувањето на годишнината коментирајќи го судскиот процес за овој случај вели дека не очекува судска разрешница.

„Во хибридни режими никогаш нема разврска за судски случаи. Во хибридни режими има разврска за судски случаи каде што се украдени 10 кебапчиња или на пазар нешто е украдено, или пак е даден поткуп 1000-3000 денари. Таму има судска разрешница веднаш, но за вакви случаи, посебно каде што има сомнеж дека сопствени на тие компании се и дел од партиите на власт , нема да има разрешница додека не се смени власта. Постои сомнеж дека акционери во тие компании се и високи функционери на ДУИ“ – вели Таравари.

На иницијатива на неколку спортски друштва и клубови, годинава се организира вториот меморијален марш чија цел покрај оддавањето почит е да пренесе порака до учесниците и лицата кои се одговорни за безбедноста во сообраќајот за поголема совесност и почитување на законите. Заради неповолните временски прилики, организаторите значително ја скратија маршрутата и учесниците ќе тргнат од гостиварската патарина.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески