Дванаесет сообраќајки во Скопје, две лица повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди, од кои две со телесни повреди и 10 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека осум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 12 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување.

Еден возач е исклучен од сообраќајот бидејќи управувал возило под дејство на алкохол како и двајца возачи – почетници.

Од сообраќајот исклучени се вкупно 11 нерегистрирани возила. Во текот на изминатиот ден, исто така, издадени се 49 мандатни платни налози за непрописно паркирање, додека 44 возила се подигнати со “пајак”.

Tројца возачи се санкционирани затоа што поминале крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и четири пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ