Дванаесет лица побарале експропријација на земјиште на експресниот пат од Штип до село Крупиште

Од:

Само 12 лица се пријавија на повикот од Општина Штип, а кои живеат на подрачјето на локалната самоуправа за учествуво во постапката за механизам за жалби и поплаки во текот на изградбата на А3, експресен пат Штип – Кочани, на делницата од штипската приградска населба Три Чешми до карбинското село Крупиште, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.

– Засегнатите граѓани имаа 20 дена рок за пријавување на проблеми во врска со нивните имоти или локации, а кои се на трасата преку пополнување на формулар кој во следна фаза општина Штип ќе го достави до ЈП за државни патишта, рече Ристов.

Тој истакна дека останатите граѓани кои не се пријавиле или доцна разбрале, можат да побараат асистенција од Општината, но обврската која ја имале со двете продолжувања на роковите престанува, така што граѓаните ќе бидат упатени на информации за поплаки и жалби до ЈП за државни патишта. Инаку новиот експресен пат Штип-Кочани се гради во две фази. Првата фаза е од Штип до село Крупиште, каде што двете македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон“ веќе ја пробиваат оваа делница, кои ги избегнува сите населени места за поголема безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена