Двајцата албански државјани шверцувале марихуана од Албанија преку Македонија

Од:

Секторот за Внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против С.С.(36) и А.Т.(24), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Имено, двајцата пријавени откако набавиле опојна дрога марихуана, ја спакувале во вкупно 47 најлонски паковки, ја ставиле во две транспортни торби и од Албанија се упатиле преку Македонија со намера дрогата да ја транспортираат во Грција.

Ноќта меѓу петок и сабота (19/20.01) околу 00,30 часот по претходно добиени оперативни сознанија за неовластено вршење на транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Меџитлија“, преземени биле оперативно тактички мерки и во село Лажец, односно во близина на тамошната црква биле забележани двете лица како пеш се движат со две транспортни торби. По кусо време С.С. и А.Т. се фатени со две транспортни торби, и тоа: првопријавениот со патна торба во која што имало 17 најлонски паковки, а второпријавениот е затекнат со патна торба во чија внатрешноста биле спакувани 30 најлонски паковки со опојна дрога марихуана. Од извршената анализа утврдено е дека се работи за вкупно 33,423 килограми марихуана. Од страна на Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие