Двајца загинати во тешка сообраќајка на патот од Штип до Виничка крстосница

Од:

Во 00,10 часот по полноќ, на магистрален пат А3, на делница од Штип до Виничка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од 49-годишниот В.И. од село Истибања, виничко и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од 48-годишниот Г.И. од Штип, во кое како сопатник се превезувал 39-годишниот Б.З. од село Г.Подлог, кочанско.

Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., а во Општата болница Кочани била констатирана смрт, додека возачот на патничко моторно возило„фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.

Би можело да ве интересира

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски