Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Скопје – Велес кај село Ржаничино.
Како што соопшти МВР во дневниот билтен, несреќата се случила во 15:10 часот во с. Ржаничино-Скопје кај крстосницата со ул.„3“, кога возачот на возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, С.Ш (54) од с.Драчево додека вршел престигнување на „Цитроен Саксо“, исто така, со скопски регистарски ознаки, сопственост на авто-школа, а управувано од кандидатот за возач С.Г.(24) од Скопје под надзор на возач инструктор С.Р.(48) од Скопје, со возилото излетал од коловозот и удрил во оградата од двор на куќа во с.Ржаничино.
На самото место починале возачот С.Ш. и сопатникот Б.С.(25) од Скопје додека во ГОБ Скопје се јавил и нивниот сопатник А.С.(21), се наведува во соопштението.
Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на ЈО, телата на починатите се дадени на обдукција.