Две лица загинаа, а двајца се потешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 14 часот и 15 минути на магистралниот пат Штип – Велес кај приградската населба Три Чешми.
Според самостојниот сообраќаен инспектор во СВР-Штип, Владо Петров директно се судриле шлепер со полуприколка со српски регистарски таблички и камион натоваран со дрва.
Двајцата возачи, едниот од Србија и другиот од Штип, загинале на лице место, а сопатниците кои биле во камионот здобиле тешки телесни повреди и се хоспитализирани во штипската Клиничка болница и се надвор од животна опасност.
Во тек е увид на местото на несреќата, а сообракајот се пренесочува по стариот регионален пат Штип – Велес.