Двајца загинати, еден тешко повреден во сообраќајката во Кисела Вода

Од:

Двајца мажи загинаа во сообраќајката која се случи ноќеска пред полноќ на „Првомајска“ во Кисела Вода. Станува збор за возачи на две од возилата кои учествувале во сударот, на возраст од 28 и 50 години. Тешки повреди од сударот има малолетник кој бил совозач.

„Несреќата се случила на крстосница од бул.Србија и бул.Борис Трајковски помеѓу
возило ‘фолксваген пасат’ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.А.(50) од Студеничани, возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило ‘фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило ‘хјундаи аксент’ со скопски регистарски ознаки управувано од О.А.(25) од с.Батинци и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С“, велат од МВР.

Еден од возачите кои учествувал во сообраќајката е задржат во станица.

„Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото ‘фолксваген пасат’, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.. По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје“, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски