Шест повредени и пет уништени возила во тешка сообраќајка во Кисела Вода

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на улицата „Првомајска“ во Кисела Вода. Сударот се случи помеѓу пет автомобили, кои се целосно уништени. Четири автомобили се и превртени, а едниот е без предно тркало.

Неофицијалните информации говорат дека има шест тешко повредени лица. Засега, нема официјални информации за загинати патници. На „Првомајска“ после Цементара, насекаде се распрскани делови од автомобилите.

Дел од лицата кои биле во возилата со Брза помош се итно пренесени во болница. На терен има најмалку три полициски возила и десетици полицајци. Улицата е целосно затворена за сообраќај веќе неколку часа.

Засега нема официјални податоци од МВР.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари