Еден мигрант е убиен, а тројца се тешко ранети од огнено оружје во близина на граничниот премин Табановце.
Според првичните информации од МВР, граѓанин во 2 часот по полноќ на граничниот премин Табаноце пријавил оружан иницент. Екипи на СВР Куманово на самото место утврдила дека едно лице е убиено, а тројца се тешко повредени.
Станува збор за мигранти, најверојтано од Авганистан, кои сакале нелегално да ја преминат границата и од Македонија да влезат во Србија. Биле пресретнати од група лица кои пукале врз нив. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат во текот на денов.