Двајца скопјани во неколку кражби украле имот во вредност од 393.000 денари

Од:

СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Ј.Џ. (21) и Г.Т. (26) и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека се сторители на шест кривични дела – “разбојништво“ и едно кривично дело – “разбојништво во обид“. Од страна на судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, соопштуваат од МВР.

Кривичните дела пријавените ги извршиле во текот на 12 и 13 овој месец, како и едно кривично дело извршено на 15-ти овој месец, при што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 393.370 денари.

Така, првото разбојништво Ј.Џ. и Г.Т. го извршиле на 12.02 околу 17,30 часот во колонијална продавница “АРСО ДООЕЛ“ на улица “Самоилова“ каде што со закана со пиштол врз вработената Б.П. земале 13.700 денари од касата, по што излегле и се упатиле во непознат правец. Потоа истиот ден околу 21,00 часот пријавените извршиле разбојништво врз оштетениот Х.Ј. (такси возач) при што се стекнале со противправна имотна корист од 5000 денари. Имено откако на бул. “Кузман Јосифовски Питу“ (спроти Веро-центарот) се качиле во такси возилото на оштетениот, се упатиле на ул “Менделеева“. Таму првопријавениот извадил пиштол и го вперил кон оштетениот и со закана по неговиот живот му побарал пари. Иако оштетениот се спротивставил првопријавениот Ј.Џ. испукал еден куршум во воздух по што Х.Ј. им дал 5.000 денари колку што имал при себе.

Еден час подоцна, односно околу 22,00 часот Ј.Џ. и Г.Т. на ул “Цветан Димов“ извршиле разбојништво врз оштетената У.М. , но не се стекнале со имотна корист. Разбојништвото во обид го извршиле на тој начин што откако ја пресретнале оштетената пред нејзината зграда, пришто Ј.Џ. извадил пиштол го вперил кон оштетената, ја внеле во влезот од зградата брајќи и пари, додека Г.Т. почнал да ја претресува. Оштетената гласно се обратила со зборовите – “немојте имам мало дете“ по што почнале да излегуваат соседи од зградата, а Ј.Џ. и Г.Т. веднаш го напуштиле местото на настанот.

Потоа, истиот ден околу 22,45 часот на ул “11 Октомври“, кај зградата на Црвениот крст на РМ пријавените извршиле разбојништво врз такси возачот А.Ч. Имено тие го стопирале такси возилото и откако се качиле (првопријавениот седнал на совозачкото седиште а второпријавениот одзади), повторно се упатиле кон улица “Менделеева“. Ј.Џ. го извадил пиштолот и го вперил кон оштетениот барајќи пари.

Откако оштетениот се побунил Ј.Џ. излегол од возилото испукал еден куршум во воздух по што такси-возачот им дал 1.500 денари. Притоа Г.Т. од оштетениот одзел и два мобилни телефони марка “самсунг“ и “алкател“ и се упатиле во непознат правец.

Наредниот ден (13.02.) околу 11,00 часот Ј.Џ. и Г.Т. извршиле разбојништво во обложувалницата “Златна копачка“ лоцирана“ на ул “Никола Карев“. Имено откако влегле внатре, додека Г.Т. застанал на шалтерот за уплата, Ј.Џ. го извадил пиштолот и го вперил кон вработената Т.Д. заканувајќи и се по животот доколку не им ги предаде сите пари од касата. По ова врабтената им ги предала 170.000 денари колку што имало во касата и Ј.Џ. го напуштил местото заедно со Г.Т. кој се преправал дека наводно го брка извршителот.

Вечерта, истиот ден, поточно околу 21,30 часот Ј.Џ. и Г.Т. извршиле разбојништво во спортска обложувалница на “Спорт лајф“ лоцирана на ул. “Тале Христов“. Разбојништвото го извршиле на идентичен начин како и во претходната обложувалница при што од вработениот Н.К. одзеле 54.323 денари и на идентичен начин го напуштиле местото на настанот.

И последното разбојништво Ј.Џ. и Г.Т. го извршиле три дена подоцна, поточно минатата среда (15.02.) околу 20,40 часот во спортска обложувалница “Спорт лајф“ лоцирана на ул “Битпазарска“ во Старата чаршија, и на начин потполно идентичен на претходните две разбојништва во обложувалници. Во овој случај тие од вработениот Е.Н. успеале да одземат 120.820 денари.

Инаку, според досегашните документирани сознанија, оштетените ги препознале извршителите, а обезбедени се и ЦД-еа од безбедносните камери во објектите каде што осомничените ги извршиле кривичните дела. Одземените пари Ј.Џ. и Г.Т. ги потрошиле за свои потреби, а со наредба на судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на двајцата осомничени при што обезбедени се дополнителни доказни материјали (облека, пиштол марка ЕКОЛ СПЕЦИЈАЛ 9мм).

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски