Утринава околу 01:20 часот во Скопје на улицата „Џумајска“ бр.9, од неколку лица кои биле маскирани и со безбол палки, физички биле нападнати скопјаните Д.Ф.(1993) и М.Д.(1989).
При нападот оштетено е и патничкото моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки. Веднаш после нападот лицата се разбегале, а додека го вршеле нападот не проговориле ништо.
Причината за нападот е непозната.
Нападнатите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.