Двајца сириски државјани илегално префрлиле 14 лица од Грција во нашата држава

Од:

Кривична пријава за двајца 18-годишни сириски државјани, со привремен престој во Грција, кои илегално префрлиле 14 лица од грчка територијата во нашата држава.

– ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Х.М.(18) и А.А.(18), двајцата сириски државјани, со привремен престој во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „шверцување мигранти“. На 01.08.2023 пријавените, во својство на водичи, илегално префрлиле 14 мигранти, од кои едно дете, сите од Сирија, од територијата на Република Грција во Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Покрај овој случај, ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата државјани на Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“.

– На 19.07.2023, пријавените со патничко возило на граничен премин Богородица префрлиле еден грчки државјанин во Република Северна Македонија, прикривајќи го во багажниот простор од возилото, известуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски