Двајца рудари од Пробиштип се повредени во рудникот „Булмак“ во пробиштиското село Добрево.
Полицијата денеска соопшти дека вчера околу 11:45 часот во Итната медицинска помош во Пробиштип се донесени Д.З. (34) и Г.А. (45) каде им е укажана лекарска помош по што се пренесени во Клиничката болница во Штип каде им се констатирани тешки телесни повреди.
Двајцата рудари се задржани на понатамошно лекување.