На улица „20“ во скопското село Сарај вчера околу 21 часот и 30 минути, при прослава пукано е од огнено оружје, при што им се нанесени прострелни рани на Р.Ш. (45) од село Арнакија и К.Л. (53) од Скопје, во пределот на нозете.
На лицата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.