Двајца работници се затруле во свињарска фарма, едниот починал, другиот се бори за живот

Од:

Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле од хемиска материја, по што едното лице веднаш починало, а второто било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

-Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.

Телото на починатиот работник е предадено за обдукција.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР-Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

Би можело да ве интересира

Маж од Неготино обвинет за труење кучиња

Горан Наумовски

Кривична за сопственикот на свињарската фарма каде еден работник почина, а друг здоби оштетувања на мозокот

Нема смртност кај свињите кои се одгледуваат на фармата во која еден работник почина, а друг е во тешка состојба по труење со хемиска материја

A1on

Државниот трудов инспекторат утре ќе го комплетира извештајот за трагедијата на фармата во светиниколско