А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Анита Петровска Рајковиќ
Македонија

Кривична за сопственикот на свињарската фарма каде еден работник почина, а друг здоби оштетувања на мозокот

by Анита Петровска Рајковиќ11/01/2024 - 13:43525
Share0

Државниот инспекторат за труд ќе поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сопственикот на свињарската фирма во светиниколското село Амзабегово, каде на 8 јануари на лице место од труење од хемиска супстанца почина 45-годишен работник, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да му помогне е со оштетување на мозокот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска вели дека по извршениот надзор ја има утврдено фактичката состојба. Утврдено е дека работодавачот не ги презел потребните безбедносни мерки во делот на спроведувањето на работните обврски од страна на работниците, а коишто се однесуваат на Законот за безбедност и здравје при работа.

Според Државниот инспекторат за труд, сопственикот дозволил пристап на ангажираните работници на работни места, на кои биле изложени на сериозни и специфични опасности без притоа тие да добијат посебни упатства за работа. Самото место на извршувањето на работните задачи не било обезбедено со знаци за опасност, знаци за задолжително однесување, работниците не носеле лична заштитна опрема за респираторна заштита.

Односно како што се вели во извештајот, починатиот работник на свињарската фарма во светиниколското с. Амзабегово немал респираторна заштита, а според информациите, тој ја отворил решетката која ги поврзува халата со јамата. Тој се симнал во дупката за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата. Обдукцијата треба да покаже од која токсична материја се затрул и починал, а неговиот колега се здобил со тешки повреди на мозокот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Посочува дека работодавачот не изготвил и не спровел изјава за безбедност, со спроведување на постапка за проценка на ризик на работните места, потоа не обезбедил потребна обука за безбедност и здравје при работа за работниците, воедно тој не им обезбедил и лична наменска опрема на работниците за респираторна заштита на двајцата работници.

Јавниот обвинител кога ќе ја добие кривичната пријава ќе ја одреди квалификацијата на делото и врз основа на тоа ќе се знае колкава ќе биде казната за работодавачот

krivicnasvinjarska farma

Би можело да ве интересира

Ексградоначалник на Свети Николе е осомничен за злоупотреба на службената положба

Горан Наумовски03/06/2026 - 11:09

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он28/03/2026 - 13:51

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

Горан Наумовски28/02/2025 - 13:22

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

Горан Наумовски17/02/2025 - 11:11

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео