Двајца повредени во сообраќајка во Велес

Од:

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера околу 13:00 часот се случила на улицата „Ристо Попов“ во населбата Превалец во Велес.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски таблици управувано од С.Д.(53) од Велес и патничко моторно возило „Киа Рио“ со велешки регистарски таблици управувано од Н.С.(62) од Велес.

Во незгодата, информираат од МВР, со повреди се здобиле возачот на возилото „Фиат Пунто“ и сопатникот Б.Д.(57) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница – Велес и биле задржани на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози