Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Од:

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на местото „Ливади“, соопшти МВР.

Во несреќата учествувале две возила „Сеат толедо“ со скопски регистарски таблици, управувано од 51-годишниот Ќ.Т. од село Блаце и „Форд мондео“ со кумановски регистарски таблички управуван од 44- годишниот Б.А. од Куманово. Во незгодата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Увидот на полицијата се уште трае. Сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, како што информираше АМСМ е во прекин од 12:05 часот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози