Двајца охриѓани одгледувале марихуана во кампот „Андон Дуков“

Од:

Педесет и една садници од растението „канабис сатива“ пронајдени се и одземени при акција на СВР Охрид во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид на 1-ви јуни оваа година.

Како што информираат од СВР Охрид, во викенд куќа во кампот, затекнати се и приведени охриѓаните А.Н.(27) и М.П. (19).

При извршен претрес, на терасата од куќата каде А.Н. со пластично шише се обидувал да ги навади садниците. Притоа пронајдени се 31 импровизирани саксии со вкупно 38 растенија додека, четири саксии со 13 растенија дополнително се пронајдени во близина на терасата.

Против А.Н. и М.П. СВР Охрид поднесе кривична пријава за постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ