Двајца новозаболени и вкупно 29 излекувани во Прилеп

Од:

Два нови случаи на заболени лица од Ковид -19 се денеска регистрирани во Прилеп, додека пак, петмина граѓани се излекувани од оваа заразна болест, со што бројката на вкупно досега излекувани е 29 граѓани, информираат од прилепската локална самоуправа. Едно лице е излекувано во Крушево.

Според најновите информации, на инфективното одделение во градската болница, моментално се хоспитализирани 17 лица, позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четворица пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирусот, задржани се поради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во Прилеп, во самоизолација се наоѓаат 242 лица. Во деновите од викендот забележани се пет нарушувања на полицискиот час.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај