Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл и се судрил со автомобил. Несреќата се случила се случила кога „ауди“ се судрило со мотоцикл „кавасаки“, кој го управувало сега починатото момче.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Во слична сообраќајна несреќа вчера загина и 30-годипен мотоциклист од Скопје. Несреќата се случила на автопатот Градско – Велес, во близина на место викано Усек, кога мотоциклистот се судрил со комбе „мерцедес спринтер“.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.