Двајца контролори на ЈСП нападнаа момче во автобус

Од:

Двајца контролори на ЈСП попладнево, околу 12 часот и 30 минути во автобус на ЈСП со број 2 нападнале момче пишуваа сведоци на социјалните мрежи каде осамна и фотографија на која се гледа како две лица стојат над момче кое лежи долу на подот од автобусот.

Еве во каква држава живееме во која владее законот на посилниот.Линија бр.2 некаде околу 12:35 часот…двајца…

Posted by Zoran Trpceski on Четврток, 20 декември 2018

„Линија број 2 некаде околу 12:35 часот…двајца контролори на ЈСП буквално со нозе го газеа дечкото. Јас не знам што предходно сторил затоа што се наоѓав на горниот спрат од автобусот (ова се случуваше на долниот) но убеден сум дека ваков однос е во најмала рака кажано е недоличен“, се вели во еден од постовите кои се појавија на социјалните мрежи.

Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР.

Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според Внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР.

И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР.

Во случајов, и Внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски