Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров денеска соопшти дека двајца од неговите фудбалери се позитивни на коронавирусот.
Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра…
Posted by ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 on Петок, 10 јули 2020
ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев до следната недела, кога ќе се спроведе повторно тестирање на целата екипа за да се потврди дека нема присуство на вирусот меѓу играчите.
-Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање, се додава во соопштението.