Двајца гостиварци не ја почитувале домашната изолација, едниот отишол во аптека, другиот заминал за Германија

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двете лица и покрај тоа што имале решенија за домашна изолација го напушитле својот дом, првиот отишол во аптека да купи лекови, а вториот со авион отпатувал за Германија.

– Првиот обвинет од село Голема Речица, на кого му бил определен задолжителен здравствен надзор и домашна изолација, не постапил согласно решението на здравствените власти, па на 03.11.2020 година го напуштил домот. На наведената домашна адреса бил затекнат само неговиот син, кој кажал дека не знае каде е татко му. Следниот ден полициските службеници извршиле разговор со обвинетиот, кој потврдил дека го напуштил домот, пешки се движел покрај реката Вардар до селото Равен и назад, купил лекови од аптека и се вратил дома, се вели во соопштението од ОЈО.

Вториот обвинет, како што информираат од ОЈО, исто така имал Решение за лекување и изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од 06.02.2021 година требало да остане во домашна изолација во село Равен. Но, на 12.02.2021 година без дозвола ја напуштил државата и со авионски лет од Меѓународниот аеродром Скопје отпатувал во Минхен, Германија.

За двајцата обвинети, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои му предложи на Основниот суд Гостивар да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он